Играчите на Барселона се согласиле да земаат помали плати за 70 одсто

Лионел Меси, капитенот на шпанскиот фудбалски првак и лидер до прекинувањето на сезоната во Примера, Барселона, објави соопштение со кое ги сима сите дилеми околу платите на играчите во тимот од „Камп Ноу“. Играчите на Барселона се согласиле да земаат плати помали за 70 отсто, за да му помогнат на клубот да ја преброди кризата  која го погоди со коронавирусот. Со овој потег ќе има пари да се платат сите вработени во клубот чии плати, споредено со оние на играчите се многу мали. Чистачите, одржувачите на теренот, перачите и сите останати ќе си ги добиваат платите.

-Ќе ги покриеме заостанатите плати на секој што работи во клубот. Внатрешниот притисок нѐ изненади, јасно беше дека ќе го направевме ова“, напиша Меси потенцирајќи дека тој и соиграчите биле изненадени од тоа што луѓето во клубот мислеле дека играчите нема да се согласат на намалување на платите.

-За време на кризата со коронавирусот играчите на Барселона ќе си ги намалат платите за 70%“, стои во официјалното соопштените.
Треба да знаете
Последни објави