ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски треба да се откаже од огромната плата и привилегиите кои ги ужива за да покаже солидарност со администрацијата

Дамјан Манчевски треба да се откаже од огромната плата и привилегиите кои ги ужива за да покаже солидарност со администрацијата, наместо да стои зад Зоран Заев барајќи вработените да добиваат минимална плата.

Дамјан Манчевски треба да одговори колку пари одат за намирување на партиските послушници кои периодов ги вработија по договор на дело и да побара прекратување на овие непотребни трошоци.

Лицемерно е во ек на вонредна состојба во Република Македонија, Манчевски држи прес за број на вработени во јавна администрација за 2019 година.

Власта на СДСМ е прочитана веќе одамна од граѓаните. Нема да ги спасат празните прес конференции.

СДСМ во изминатите 3 години целосно ја партизираше јавната администрација.

Јавноста не заборава како мајката на Костадин Костадинов, беше вработена во Централниот регистар во Струмица. Фризерката на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски беше вработена во државната компанија МЕПСО.

Власта на СДСМ ќе одговара пред судот на граѓаните, а граѓаните ќе им пресудат.

Треба да знаете
Последни објави