Петровска: Кривична пријава за едно лице, наместо во самоизолација заразил други луѓе

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, на денешната прес конференција посочи дека МВР ќе поднесе кривична пријава против лицето Ф.К. кое се однесувало спротивно од одлуките на Владата. Ги прекршило мерките за самизолација и притоа заразило неколку други лица, со што придонело за ширење на епидемијата.

Лицето влегло во земјата на почетокот на март на граничниот премин Табановце. Требало да биде во 14 дневна самоизолација, за што потпишал и документ, но тој тоа не го сторил. Притоа имал континуирани средби со најблиските, со родителите, со пријателката, но и со вработените во фирмата.

МВР располага и со информации дека дозволите за работа во ноќна смена се злоупотребуваат. Доколку се утврди тоа полицијата ќе постапи крајно рестриктивно и ќе ги лиши од слобода прекршителите.

Треба да знаете
Последни објави