Панчев: Пандемијата ќе ја победиме со дисциплина

Легендарниот македонски фудбалер, поранешниот голгетер на Европа и играч на минатиот век во земјава Дарко Панчев зборува за пандемијата која го тресе светот со коронавирусот, за сајтот на српскиот фудбалски шампион Црвена зезда чиј дрес го носеше на крајот од 80 и почетокот на 90 години во минатиот век. Со „црвено-белите“ популарната „кобра“ стана европски и светски клупски првак.

– Малку се досадувам, малку гледам телевизија. Децата се малку понервозни од нас постарите. Засега сме дисциплинирани, мора да останеме такви, бидејќи оваа болест е тешка. Потребно е да се слушаат препораките на надлежните и да се почитуваат правилата насекаде –  вели Панчев.

Експертите велат дека најдобра заштита од коронавирусот е изолацијата, и поради тоа ја почитувам максимално оваа препорака. Верувам дека со дисциплина можеме да го победиме тоа што сите не погоди. Спортистите и оние кои служеле војска знаат што значи дисциплина и каранти – вели Панчев.

Треба да знаете
Последни објави