Двајца скопски полицајци биле нападнати вчера во два одвоени инциденти, информираше МВР.
-На 30.03.2020 во 21.45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(48) од Скопје, бидејќи при сообраќајна контрола на патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(42) од Скопје, во кое сопатник бил Д.М., истиот физички нападнал полициски службеник. На 31.03.2020 во 00.30 часот на ул.„Народни херои“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ц.(43) од Скопје, бидејќи при интервенција по претходна поплака, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Одделението за внатрешни работи Прилеп, пак, поднесе кривична пријава против Д.Х.К.(35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 19.03.2020 полициските службеници при преземање активности и мерки за пронаоѓање на пријавениот, за кој постоеле основи на сомнение дека бил извршител на кривично дело „предизвикување на општа опасност“, истиот бил забележан како управува патничко возило „ауди“, при што на бул.„Гоце Делчев“ и во с.Мажучиште, пред неговиот дом, бил направен обид за сопирање на пријавениот, но истиот со возилото се упатил кон полициските службеници, загрозувајќи ја нивната сигурност, по што со употреба на соодветни мерки и активности бил сопрен на патот за с.Долнени и лишен од слобода.