Речиси десет проценти од 105 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Црна Гора се медицински професионалци, додека 237 се изолирани во домашна изолација, објавија властите во Подгорица.
Институтот за јавно здравје соопшти дека се заразени шест лекари и четири медицински сестри.
Беше посочено дека заразените медицински работници биле изложени на вирусот Ковид-19 надвор од нивното работно место.
Од над 200 медицински работници кои се самоизолирани, половина од нив дошле во Црна Гора од странство, па морале да бидат во изолација две недели.