те семејства во општина Дебрца.
Лешанецот Александар Голабоски денеска ја посетил Општина Дебрца каде ја предал донацијата, а покрај 150-те пакети за чија распределба ја задолжил Општината, обезбедил и дополнителни 60 пакети за селата Лешани и Арбиново.
Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески изрази благораност за донацијата, истакнувајќи дека преку општинските служби истата ќе биде доставена на оние на кои им е најпотребна. Тој најави дека од средства од буџетот на општината ќе бидат обезбедени дополнителни 150 пакети за социјално ранливите категории граѓани.