Актерот од популарната серија Игра на тронови, Тор Бјорнсон и неговата сопруга, терапевтката Келси Хенсон, се хит на интернетот од 2017 година, кога објавија дека се во врска.
Тор е висок 206 центиметри, а Келсе само 158, па не му е ниту до рамена, а нивните фотографии им се урнебесни на фановите. Парот, сега на социјалните мрежи се пофали дека очекува принова.
– Малиот силен маж или силна жена стигнува во октомври – напишала Келси на Инстаграм покрај фотографијата од ултразвукот на која бебето држи тег.