Првиот човек на Хрватскиот завод за јавно здравје и член на националниот кризен штаб Крунислав Цапак испрати смирувачки вести до граѓаните. Тој состојбата во Хрватска во битката со коронавирусот ја оцени како стабилна.
-Не треба да очекуваме драматични вести. Работите се поставени така како што наложува ситуацијата во која се наоѓаме. Постигнавме баланс меѓу рестрективните мерки кои ги воведовме и здавствените мерки, а се води расправа и за попуштање на стегите. Водмиме сметка за економијата како и тоа дека луѓето имаат и други свои потреби и настојуваме тоа некако да го амортизираме и да го доведеме во ситуација работите колку толку да функционираат – изјави Цапак за хрватската телевизија.