Торино го победи Удинезе, Несторовски не беше ниту на клупата

Удинезе загуби на гостувањето кај Торино со 1-0, а македонскиот напаѓач, Илија Несторовски и на овој меч не беше ниту на клупата за резерви.

Торино запиша нови три бода откако го совлада Удинезе на свој терен, одлична партија имаше голманот Вања Милинковиќ-Савиќ кој го сочува својот гол.

Во четвртата минута од второто полувреме Јан Карамо постигна гол за победа на Торино од 1-0. Прво беше досуден офсајд, но ВАР покажа дека се работи за чиста ситуација.

Треба да знаете
Последни објави