Рускиот претседател Владимир Путин рекол дека нема да ликвидираат неговиот украински колега, Володомир Зеленски.
Екс израелскиот премиер Нафтали Бенет, во интервју за израелскиот „Канал 12“ изјави дека рускиот лидер Владимир Путин на почетокот на војната во Украина го уверувал дека тој нема да му се заканува на украинскиот претседател. Но, според израелскиот политичар, Зеленски сметал дека деновите му се одбројани.
Сеќавајќи се на своето патување во Москва на 5 март 2022 година, каде што имаше средба со Путин во Кремљ, Бенет раскажа како продолжил разговорот за Зеленски. Знаел дека украинскиот претседател е во опасност.
„Тој се криеше во некој бункер за кој никој не знаеше. Но, во одреден момент, по три или четири часа од почетокот на средбата, го прашав Путин: „Кажете ми, дали имате намера да го убиете?“. Тој ми одговори: „Нема да го убијам Зеленски“. Тогаш му реков: „Сакам да потврдам, ми давате збор дека нема да го убиете Зеленски“. Тој повтормо ми одговори: „Нема да го убијам Зеленски“, вели Бенет за разговорот со Путин.
Потоа му телефонирал на Зеленски на пат кон аеродромот и го уверил дека не е во животна опасност. Како што кажа, потоа украинскиот претседател „се врати во својата канцеларија и сними видео од неговиот кабинет“ во кое објави дека не се плаши од ништо.
Според украинските власти, животот на Зеленски бил во опасност и тој избегнал атентати.