Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските лидери на дијалог, заканувајќи се дека во спротивно тие ќе се соочат со непријателски активности, јавија агенциите.
-Ние треба да разговараме со нив. Мислам дека многу брзо можеме да постигнеме договор со Иран. Се што треба да се направи е еден телефонски разговор. Едноставно мислам дека тие се горди луѓе и нивното раководство е гордо. Горди, како сите ние, рече Трамп ноќеска пред новинарите на прашање за условите за укинување на санкциите кон Иран.
Според американскиот претседател, Вашингтон не сака непријателства во односите со Иран.
-Но, доколку тие се непријателски расположени кон нас, тогаш ќе зажалат, додаде Трамп.
„ Се што треба да направат е да повикаат. Или да замолат некого да се јави. Има различни канали преку кои може да се работи многу лесно”, кажа Трамп.