Ричард и Алехандра се запознале во 2014-та, кога актерот престојувал во хотел на семејството на Алехандра.
Уште веднаш ја почувствувале привлечноста меѓу нив и од првата вечер биле неразделни.
Алехандра тврди дека е најсреќната жена во светот, а Ричард ја терал да мисли дека живее во бајка.
Имено, актерот секој ден ѝ пишувал песни, а секое утро ја прашувал што ја прави среќна.
Возрасната разлика помеѓу Ричард и Алехандра е цели 33 години, но очигледно, ова не претставува никаков проблем.
Алехандра вели дека нејзиниот сопруг е најскромниот, најчувствителниот, највнимателниот, најдарежливиот и најсмешниот маж што го запознала. За неа, овој брак бил како најубавиот романтичен сон од кој не сака да се разбуди.
Актерот вели дека Алехандра е како ангел и дека дефинитивно нема да најде личност која е подобра од неа.