Риека во драматична завршница стаса до триумф против Хајдук на „Пољуд“ (2:1) во рамките од 20. коло на хрватската фудбалска лига и остана во трка за позициите кои носат „европска виза“, додека „белите“ не го искористија киксот на Динамо Загреб и останаа на осум бода зад „модрите“ со меч повеќе, во трката за тиотулата.
Риека дојде во водство во 65. минута со голот на Ампемо, а Фриган во 84. минута зголеми на 0:2. Тогаш почна драмата – Марко Ливаја во 91. минута со гол од пенал намали на 2:1. Во 96. минута повторно да биде досуден пенал за Хајдук, но овојпат Ливаја не го реализира.
По ваквиот епилог на крајот од мечот, навивачката група на сплитскиот клуб беше очигледно незадоволна, и побара играчите да ги соблечат дресовите, бидејќи не заслужуваат да ги носат.