Издадено е предупредување за цунами во јужна Италија, соопштија службите за цивилна заштита на земјата, јавува Би-би-си.
службите во текот на ноќта ги повикаа луѓето да се држат подалеку од крајбрежните области, бидејќи постои ризик од бранови цунами по разорниот земјотрес во Турција.
Железничкиот сообраќај во близина на брегот во јужните региони на Италија беше запрен на еден час во текот на утрото, но оттогаш е обновен, јавуваат мкедиумите во регионот.