Мицкоски со телеграма со сочувство до Турција и турскиот народ за жртвите од земјотресот

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ изразувам длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот турски народ и до Република Турција за жртвите од страотниот земјотрес кој го погоди реонот на градот Газиантеп.

Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, во надеж дека надлежните ќе успеат да спасат што е можно повеќе луѓе во акциите на извлекување.

Тешко е да се изберат зборови за утеха во вакви трагични мигови, но сум уверен дека солидарноста и хуманоста на луѓето ќе помогнат што побрзо да се обединат и насочат сите капацитети кон обновување и санирање на погодените места од разорниот земјотрес.

Треба да знаете
Последни објави