Во Германија нагло се зголеми бројот на заразени со новиот коронавирус со регистрирани 2.660 нови заразени и 31 смртен случај.
Вкупниот број заразени е 80.641, а вкупниот број починати од вирусот е речиси 1.000.
Бројот на смртни случаи и заразени во текот на изминатите 24 часа се зголеми најмногу досега, според Институтот „Роберт Кох”.
Епидемијата на коронавирусот најтешко ги погоди најголемите федерални покраини, како Северна Рајна-Вестфалија, Баварија и Баден-Виртемберг.