Министерот за финансии и развој на Белгија, Александер Де Кро најави дека неговата влада ќе ослободи пет милиони евра за изнаоѓање вакцина против коронавирусот Ковид-19, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Фондовите се наменети за Коалицијата за иновации за подготвеност за епидемии, позната како ЦЕПИ, составена од јавни и приватни компании.
Коалицијата се надева да развие најмалку три тест-вакцини, а првите клинички испитувања да ги започне за четири месеци, најави министерот Де Кро.