Берни Еклстон ќе добие дете на 90 години со двojно помладата сопруга

Милијардерот очекува дете со сопругата Фабијан Флоси, која е 45 години помлада од него.

Еклстон, кој поради пандемијата на коронавирус е на неговата фарма во близина на Сао Паоло, Бразил, ќе го добие својот прв син во јули.

Еклстон, кој има три ќерки и пет внуци, наполни 90 години во октомври, пренесува „Дејли мејл“.

Неговата најстара ќерка, Дебора, од бракот со Ајви Бамфорд, има 65 години, додека од бракот со Славица Радиќ ги има Тамара (35) и Петра (31).

Богатството на Еклстон се проценува на 3,2 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави