Даниел Крег ултраелегантен во сино на премиера во Мадрид

Даниел Крег ги воодушеви присутните со својата беспрекорна фигура на премиерата на „Нож во грб 2 “ во Шпанија.

Продолжението на хитот „Нож во грб“, со оригинален наслов Glass Onion: A Knives Out Mystery дебитираше во киносалата Калао во Мардид во средата.

Актерот (54) кој долго време го глумеше Џејмс Бонд, импресионира во светло сино сако што го искомбинира со морнарско сини панталони.

Таблоидите и модните списанија го пофалија неговиот „смарт“ изглед црвениот тепих, и обратија внимание на бисерно белата кошула и елегантната вратоврска со игла.

Ѕвездата го комплетираше својот изглед за вечерта криејќи се зад кафено-златни очила додека фотографите и камерите го снимаа од сите агли.

Подоцна му се придружија неговите колеги од филмот Кејт Хадсон, Џенел Монае и Едвард Нортон за групна фотографија.

Треба да знаете
Последни објави