Берош: Единствен начин да и се стави крај на пандемијата е да се однесуваме одговорно

Во Хрватска изминатите 24 часа се регистрирани 68 новозаразени лица од коронавирусот со што вкупната бројка на инфицирани се искачи на 1079. Една жена починала во КБ Дубрава, која е родена во 1935 година, а имала и други заболувања. Вкупно починати во Хрватска од коронавирусот има осум. На респираторни машини се приклучени 39 лица, четири повеќе од вчера, а и меѓу 92 излекувани има четири повеќе од вчера.

Министерот за здравство Вили Берош за ситуацијата во Сплит вели: „Никогаш нема да престанеме во оваа битка да потенцираме дека самодисциплината е најважна. Важно е што пвоеќе собиранките на малдите во Сплит не се повторуваат. Единствен начин да и се стави крај на пандемијата е да се однесуваме одговорно“.

 

Треба да знаете
Последни објави