Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го потпиша денес договорот за изградба на новиот објект “Бамби” на детската градинка “Фидани” во Чаир со Министерството за Труд и Социјална Политика. Со ова се е спремно по завршувањето на вонредната состојба да го започнеме и процесот на изградба.
Оваа капитална инвестиција ќе изнесува 150.600.910 денари и ќе обезбеди просторен капацитет со современ стандард за 350 деца во предучилишното образование.