Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19 и имајќи предвид дека одиме кон пикот во следните неколку недели влегуваме во нова фаза на менаџирање на цеолкупниот процес. Доколку ситуацијата отиде во полоша состојба ќе предложиме и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Досега 9,5 отсто од заразените пациенти се здравствени работници, или вкупно 52, од кои 34 биле заразени во болнички и амбулантски услови.
-Со оглед на тоа што некаде има заболени и лекари, тука е компромитирана работата, рече Филипче и како пример го посочи Инфективното одделение во Куманово, каде во функција се двајца други интернисти од Скопје и од Штип кои ја организираат работата на одделението. Тој им порача на здравствените работници максимално да ги почитуваат протоколите кои ги има од самиот почеток на пандемијата, да се штитат во и надвор од работните места, затоа што нивната улога, нивното здравје е од примарно значење во овој момент во државата. Здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравствените работници. Така ќе превенираме епидемија од поголеми размени, така ќе останат здрави тие што се здрави, ќе се бориме против вирусот и ќе ги излечиме сите кои се заболени, потенцира Филипче.
Тој додаде дека досега имало многу разговори дали да се примени некој друг начин на справување со пандемијата, но заклучиле дека е подобро да се продолжи со сегашниот начин со додавање на некои допонителни мерки меѓу кои и апликација што ќе им помогне на инфектолозите полесно да ги следат контактите што ги имале заразените.
На денешната видео средба со новинарите, Филипче најави дека од денеска и болницата „8 Септември” е подготвена за дијагностицирање и лечење на забоелни од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети,што ги нуди болницата. Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.