Поволни економски мерки и за занаетчиите погодени од кризата

Во сетот мерки што Владата го донесе за справување со економските последици од кризата, според проценките ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места, мерки покрај за компаниите има и за занаетчиите. Согласно владините мерки, занаетчиите ќе имаат можност да добијат финансиска поддршка до 14.500 денари месечно за месеците април и мај.

Финансиската поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност опфатени со оваа Уредба ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка со исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице – барател на финансиска поддршка за исплата на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година.

Паралелно, занаетчиите се ослободени од плаќање на ратите на кредитите од 3 до 6 месеци, а во зависност од тоа како се регистрирани, дел од занаетчиите ќе имаат можност да аплицираат за бескаматен кредит од Развојната банка и да добијат кредит до 3.000 евра со грејс период од 6 месеци.

На социјалните мрежи се појавија одредени занаетчии со ставови дека помошта кон нив била мала и незначајна, но ако подобро се погледнат мерките, ќе се види дека станува збор за сериозна поддршка кон занаетчиите.

Обебзедувањето две минимални плати, ослободувањето од плаќање кредити, како и можноста да се дојде до поволен бескаматен кредит значително ќе помогнат во справување со последиците кај оваа стопанска гранка и одржување на стабилна состојба до нормализирање на ситуацијата, односно до завршување на пандемијата со коронавирусот.

https://koronavirus.gov.mk/merki/ekonomski-merki

 

Треба да знаете
Последни објави