Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Христијан Мицкоски
Политиканството и партискиот маркетинг за Мицкоски се поважни од здравјето на граѓаните.
Мицкоски е поголем лажго и од Никола Груевски, излегува на прес конференции за да не каже ништо, го интересира само неговата партиска фотелја.
Во време кога целиот свет, целата држава и сите институции беспоштедно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се впрегнати во дневна политика полна со лажни вести, невистини и празни обвинување.
Очајнички обиди да добијат политички поен на маката на граѓаните и државата.
Таквото несериозно, неодговорно и срамно однесување е невидено во домашната но и светската политика.