ВМРО-ДПМНЕ: Фабриката за лажни вести на аболицираниот Зоран Заев нема право да говори за лага

Реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Фабриката за лажни вести на аболицираниот Зоран Заев нема право да говори за лага. Главниот стожер и промотор на лага во Македонија е СДСМ. Системот колабира, бројот на заболени и починати постојано се зголемува, а Зоран Заев и СДСМ лажат како во Македонија се блеска.

Граѓаните се плашат дека не може да ја добијат неопходната помош и заштита, а Заев и Филипче ја отфрлаат вината за лошото менаџирање, обвинувајќи ги граѓаните за неодговорност.

Владата на СДСМ не умее и не може да се справи со пандемијата која ја зафати Република Македонија. Од ден на ден Република Македонија се повеќе  ослабнува како на економски така и на здравствен и социјален план.

Заев и неговата криминална Влада веднаш да престане да танцува и нека се фати за работа.

Бараме итно да се прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ, субвенционирање ма 50% од платите на работниците и придонесите за истите. Дополнително пренасочување на средствата од вториот пензиски столб, што значително ќе ја пополни буџетската дупка. Граѓаните не смеат да страдаат заради економската неписменост на СДСМ.“

Треба да знаете
Последни објави