Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2020 година вкупниот промет изнесува2.785.792.356денари и е енормно зголемен за 250,23% во однос на претходниот месец февруари, објави Банкарство.
Според бројот на трансакции, идентично како и претходните три месеци, најтргувани акции на официјалниот пазар за март беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 1.632 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 895 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 522 трансакции.
Според количината на истргувани акции, исто така, најтргувани беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со високи 91.728 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Гранит АД Скопје со 72.968, а акциите на ТТК Банка АД Скопје го заземаа третото место со 30.104 истргувани акции.