Двајца возачи повредени во судир на „корса“ и „туарег“ кај Петровец

На 05.04.2020 во 15.45 часот било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Велес, кај с.Петровец, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „опел корса“, управуван од С.П.(31) од село Петровец, и џип „фолксваген туарег“, што го  управувал З.Н.(45) од село Идризово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.П., а со телесни повреди се здобил З.Н., по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави