Командантот на американскиот воен контингент во Јапонија, Кевин Шнајдер, прогласи вонредна состојба за неговите војници во регионот Канто.
„Безбедноста на сите поврзани со вооружените сили на САД е наш приоритет”, се вели во соопштението, објавено денеска на официјалната веб-страница на контингентот.
Регионот Канто го опфаќа главниот град Токио и неколку околни јапонски префектури. Во него се сместени неколку американски воени објекти, вклучувајќи ја и воздухопловната база Јокота.
Локалните медиуми претходно информираа дека утре, Владата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе ќе воведе вонредна состојба во Токио и Осака.