Здравствените власти во Шведска ги објавија најновите податоци според кои во изминатите 24 часа, од компликации поврзани со коронавирус починале 76 лица, а новозаразени се 376.
Со ова вкупниот број на заразени со Ковид-19 во земјата се искачи на 7.206, а на починати на 477.
Во претходниот 24-часовен период, 28 лица починаа од коронавирус во Шведска.
Денешниот број на смртни случаи (76) е најголем број на починати во еден ден од избувнувањето на епидемијата во оваа земја.