Песков: Не е одреден датум за гласање за измени на Уставот

– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека не е одреден нов датум за гласање за измени на Уставот на Русија.

– Засега нема нов датум, рече Песков за ТАСС, во врска со некои објави дека гласањето може да се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Референдумот првично беше закажан за 22 април, но се одложи поради епидемијата на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави