Во време кога нашата држава се соочува со најголемата здравствена криза во историјата, Владата спроведува низа мерки за справување со здравствените и економски последици од коронавирусот.
Кога нашата држава се соочува со најголемата здравствена криза во историјата, не е време на политикантство, туку за одговорност и посветеност, последиците врз економијата да бидат што помали.
За таа цел Владата донесе сет на мерки што имаат за цел да го ублажат ударот врз економијата и полесно да се преброди кризата. Со мерките, во вредност од 200 милиони евра се опфаќаат 250.000 работни места и 35.000 компании, но помош има и за спортистите, уметниците, занаетчиите, како и за лицата кои се дел од неформалната економија.
Сите вработени погодени од кризата ќе добијат по 14.500 денари за месеците април и мај, а оние кои останале без работа, ќе добиваат 50 отсто од платата што во просек ја добивале во последните 24 месеци. Граѓаните и компаниите имаат можност за одлагање на плаќање на кредитите за три до шест месеци, а до 30 јуни нема да се преземаат извршни дејствија од страна на извршителите.
На микро, малите и средните претпријатија на располагање им се ставени кредити од 3 до 30 илјади евра, со 0 отсто каматна стапка и 6 месечен грејс период.
Ова е време кога солидарноста, меѓусебното помагање и поддршка се вредностите околу кои треба да се обединиме. Сега не е време за популизам, за дневна политика и лажни вести. Сега е потребна одговорност од сите, вклучително и од политичките партии.
Сега треба сите капацитети да ги ставиме во надминување на кризата затоа што за секој од нас се работи.
Сите сме заедно во ова и само заедно можеме да ја победиме здравствената но и економска криза со која сме соочени.