Пилотот на Рено, Даниел Рикардо не верува дека ниту во јуни ќе има почеток на сезоната во Шампионатот во Формула 1.Претходно, раководството на Ф1, прогнозира дека првата трка ќе се одржи во јуни на канадското Гранд при.
– Не знаеме кога ќе почнеме. Мислам, тогаш ќе имаме исцрпувачки календар, бидејќи тие ќе сакаат да исцедат што повеќе трки во него пред Нова Година. Сакам да бидам подготвен во моментот кога ќе бидеме информирани. Јас би сакал трките да започнат во јуни. Досега сè е откажано до средината на јуни, но ова е само во идеална ситуација. Мислам дека сезоната ќе започне подоцна од јуни, изјави Рикардо.
Како и најголемиот број првенства, така и натпреварите во Формула 1 се во застој поради пандемијата на корона вирусот.