Џенифер Анистон контра сè што повеќето мразат

Миење садови е новата омилена занимација на Џенифер Анистон.

Актерката се придржува до препораките за социјално дистанцирање и самодисциплина за да помогне во забавување на ширењето на коронавирусот, и додека поминува повеќе време дома таа прави многу работи од кои миењето садови ѝе една од омилените заради придобивките од хигиената.

“Постојано чистам и уживам во пролетното средување на мојот плакар, а миењето садови ми е омилено нешто бидејќи не само што ги мијам садовите, туку ги мијам и рацете,“ вели актерката.

Џенифер, ќерка на актерот Џон Анистон и неговата поранешна сопруга Ненси Дау, вели дека кога го расчистувала својот дом открила некои спомени кои таа ги нарекува богатство и особено ѝ било мило кога ја пронашла лентата од нејзината прва аудиција.

„И така се потсетив на мојата прва аудиција, кога имав 13 години, за сапунската опера Search for Tomorrow, во која играше татко ми.“

„Едвај чекам да ја видам, мислев дека сум ја изгубила но ја најдов додека расчистував тони стари кутии.“

Иако татко ѝ глумеше во серијата, таа не ја доби улогата.

Треба да знаете
Последни објави