Индиската полиција поведе истрага против измамник кој на интернет се обидел да „ја продаде” познатата Статуа на единството за четири милијарди долари.
Измамникот притоа тврдел дека тоа е дел од активностите на властите против корона-кризата и за сузбивање на пандемијата.
Киберкриминалот во Индија последниве четири седмици се зголемил за 86 отсто, соопшти Владата. Притоа, најмногу е злоупотребено името на Нетфликс.
Статуата на единството во индиската сојузна држава Гуџарат е скоро двапати повисока од Статуата на слободата во Њујорк, САД.