Коментари: Корден треба да им се извини на келнерите – нека им даде бакшиш

ТВ водителот Џејмс Корден предизвика дебата на социјалните мрежи откако му се извини на Кит Мекнали, сопственик на популарен ресторан во Њујорк. Всушност, угостителот му забранил на комичарот да влезе во ресторанот поради неговото однесување и го нарекол гостин кој најмногу го малтретирал персоналот во 25-годишната историја на ресторанот.

А сега, повеќето корисници на социјалните мрежи тврдат дека Корден треба да му се извини на персоналот во ресторанот, а не на сопственикот. Многумина го обвинуваат водителот што се извини дури откако заврши во медиумите.

„Смешно е како се извини откако медиумите ја објавија оваа приказна“, „Дали ќе се извинеше ако не го прозваа?“ се дел од коментарите на „Твитер“.

„Се надевам дека ќе дојде во ресторанотот и ќе им се извини на келнерите и ќе им даде голем бакшиш затоа што мораа да ги трпат неговите небулози“, велат други.

Треба да знаете
Последни објави