Французите на праг на спасување на светот – на плажите во Бретања постои животно чии молекули можат да се ‘борат’ со коронавирусот

Сè започна од лилјаците во Вухан, а човекот сега можеби ќе може да го спасат морските глисти од атлантските плажи во Бретања…

Француските научници, многу сериозно ја истражуваат можноста дека состојките од крвта на ова животно би можеле да му помогнат на човекот во борбата против најтешкиот облик на коронавирусот, а целта е да се избегне приклучувањето на луѓето на респиратори.

Првите испитувања директно на луѓето ќе се прават оваа седмица.

Молекулите од крвта на глистите апсорбираат 40 пати повеќе кислород од човечкиот хемоглобин, што е исклучително добра можност да им се помогне на луѓето кои што имаат големи тешкотии со дишењето.

Се истакнува дека не постојат проблеми во компатибилноста на човечката крв и молекулата на крвта од ова животно кое што е долго од 10 до 15 центиметри и кое што воглавно живее во песокот на плажите…

Преземено од tocka.com.mk

Треба да знаете
Последни објави