Билетарниците на ЈСП од утре со изменето работно време

авното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од утре, согласно одлуката на Влада за забрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.

Јавниот превоз нема да функционира од петок (10.04.2020 год) од 16 часот, до понеделник (13.04.2020 год) до 5 часот.
Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.

Утре јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред. Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Од четврток (9.4.2020 год), па секој работен ден сè до наредните измени, јавниот превоз ќе сообраќа од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот.

Во работни денови, од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени.

Билетарници
Од 7:30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Центри за персонализација
Отворени од 7:30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит-пазар и центарот на Транспортен центар.

За време на викенд, сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени.

Треба да знаете
Последни објави