Издадени 27.000 дозволи за движење во полициски час, може да се добијат и за негување лице

Министерството за информатичко општество и администрација досега издало 27 илјади дозволи за движење во тек на воведениот полициски час поради вонредната состојба со коронакризата за различна категории претставници на институции или други категорија граѓани. Таква дозвола може да добијат и оние кои негуваат немоќно и болно лице, информира денеска ресорниот министер Дамјан Манчевски.

До МИОА, како што рече Манчевски, по електронси пат треба да се достават лични датоци за барателот на дозволата, односно име и презиме, матичен број и телефонски број, како и медицинска потврда што ја докажува медицинската состојба на лицата за кои тие се грижат.  Дозволата се издава исто така електронски и секој ќе ја добие на својот мејл, рече Манчевски на прес-конференцијата, на која беше најавена донација во интернет од Телеком за децата од социјалните категории.

Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење во тек на  полицискиот час за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени.

Треба да знаете
Последни објави