Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 4.003 во изминатиот ден и достигна 103.228. Тоа е зголемување за втор последователен ден по пад од четири дена, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох”.
Бројот на смртни случаи се зхолеми за 254, на 1.861 човек.