Балканот може да очекува голем економски пад во наредните месеци, а ЕУ ќе биде важна во давањето помош за економски закрепнување, изјави американскиот аналитичар Јануш Бугајски, додавајќи дека ниту една друга сила нема ресурси за значително да му помогне на регионот, и покрај дезинформациитекои ги шират Кина и Русија.
Во интервју за подгоричка „Побједа”, експертот на Балканот рече дека има многу дезинформации за новиот коронавирус и дека сите не потекнуваат од Кина или Русија затоа што има бројни теоретичари на заговор и на Западот, но дека Пекинг и Москва се обиделе да ги искористат збунетоста и стравот за да докажат дека Европската унија и НАТО пропаѓаат.
– Во реалноста – и Кина и Русија паднаа на тестот затоа што го прикриваа обемот на зараза во двете држави. Граѓаните од Западен Балкан не смеат да ја загубат својата европска перспектива затоа што во државите што сакаат да бидат алтернатива на ЕУ – Кина и Русија – ситуацијата е многу полоао. И, конечно, демократиите се поотпорни на кризи отколку диктатурите, рече Бугајски.