Велика Британија не е близу до укинување на забраните, наметнати за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи се очекува врвот на епидемијата да биде за две недели, изјави градоначалникот на Лондон, Садик Кан.
Кога премиерот Борис Џонсон ги објави забраните на 23 март, тој рече дека тие ќе бидат разгледани по три недели.
На прашањето од радио Би-Би-Си дали карантинот ќе биде укинат в понеделник, Кан рече: „Мислам дека не сме ни било близу до укинување на карантинот”.
– Сметаме дека врвот, кој е најлош дел, веројатно ќе биде за една недела и половина, додаде Кан.