Почина пациент од Куманово позитивен на Ковид-19

Со тоа вкупниот број на починати лица, кај кои бил дијагностициран вирусот Ковид-19, во земјава достигна 27. Tестирањето на евентуални нови случаи на заболени од коронавирус е во тек, а се чекаат резултатите од направените тестови во последниве 24 часа.

Вчера од Министерството за здравство информираа дека на Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во Куманово дома починал и уште еден пациент потврден на вирусот, на возраст од 53 години. Институтот за јавно здравје дополнително информаираше за 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19  кој починал на пат кон болницата „8- ми Септември”.

Според последните информации од министерството за здравство, во земјава досега има 599 вкупно заболени лица.

 

Треба да знаете
Последни објави