Детско штедно осигурување на „Кроациа Осигурување – Живот“- радост за децата, безгрижност за возрасните.
Детско штедно осигурување е најубавиот и најинтересниот производ од палетата на штедното осигурување на „Кроациа Осигурување – Живот“, кое ние секогаш со гордост им го нудиме на нашите клиенти и сме најголеми ентузијасти кога е во прашање таа полиса.
Ова штедно осигурување ја дефинира иднината на нашите најмали и најмили. Кога ќе поминат годините и ќе се јават нивните поголеми потреби ќе станеме свесни дека сме им оставиле нешто вредно со кое ќе може да се чувствуваат посигурни и потпомогнати од наша страна.
Да се биде договорувач на осигурување е веќе многу чест подарок, бидејќи вредноста на детското штедно осигурување никогаш не старее и не губи, за разлика од сите материјални вредности кои би ги купиле во моментот. Таква е и замислата, децата да можат да бидат корисници на детското штедно осигурување, почнувајќи од 1-месечна возраст, па сè до 13 години.
Полисата Детско штедно осигурување, освен штедна компонента, на нашите најмали клиенти им нуди и осигурување за целото времетраење на договорот, a подарок ќе добијат и сите оние кои во средното образование ќе се стекнат со одличен успех.
Еден ден кога ќе станеме свесни дека времињата се промениле и кога нема да бидеме во можност да им го пружиме најнеопходното, на пример квалитетно образование, ново возило или отпочнување на сопствен живот, токму тогаш нивната заштеда ќе ги задоволи нивните потреби.
Тогаш ќе ја почувствуваме радоста дека како нивни „чувари“ сме ја завршиле работата во целост.
Многу поколенија ја искористија привилегијата и благодетите од нашите производи. Од нашето основање, далечната 1884 година, па сè до денес, сме сведоци на многу среќни и задоволни лица.
Дозволете да ги направиме среќни и нашите најмали.