Жена заразена од коронавирус утрово влегла во пошта во Загреб, а откако ги платила сметките ги информирала присутните дека е заразена и дека треда се да дезинфицираат. Поштата е затворена и веднаш е повикан епидемиолог.
Шефот на Цивилната заштита на Нов Загреб, Валентин Рајковиќ за ХРТ изјви дека жената требало да биде во самоизолација.
– Утрово таа дошла да ги плати сметките и кога завршила кажала дека е заразена од коронавирус и дека сè треба да се дезинфицира”, рече Рајковиќ.
Тој додаде дека сите кои во тој момент биле во поштата треба да се изолираат и ги замоли заразените да останат дома.