Општина Куманово бара да се отворат дополнителни пунктови за тестирање

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

 

  • Бараме од Владата на Република Северна Македонија и Комисија за заразни болестида го задолжи Институтот за јавно здравје да на дневна основа доставува правовремено резултати за сите тестирани лица на COVID 19 за коишто предходно има уредно доставен примерок за тестирање од страна ЦЈЗ Куманово. Воедно бараме да се отворат дополнителни пунктови во Општина Куманово за тестирање на лица и истите се стават во функција.
  • Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе уредба со која ќе се измени и дополни законот за домување и со кој стамбените домари ќе ги задолжи да вршат редовна дезинфекција во стамбените згради за кои што имаат склучено договор за одржување. Воедно истите ќе се вклучат во постапка за дезинфекција во период на вонредна состојба во колективните центри за домување и други објекти со кои имаат склучено договор за одржување на хигиена.
  • Се задолжува Општината да го затвори времениот зелен градски пазар а на главниот градски пазар да ја врши дејноста како што предходно е наложено од ОШЗС и почитување на препораките донесени од Владата.
  • Се задолжува Општината да направи реорганизација во работата на техничкиот и друг персонал во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово и по потреба да вклучи друг технички персонал од други јавни установи за потребите на  Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово, како би се обезбедило непречено работење на истиот.
  • Препорака до сите даватели на услуги (шпедиции, банки, АМСМ и др.) кои работат на граничниот премин Табановце да го уредат својот начин на работење согласно уредбите и препораките на Владата со акцент на почитување на дистанца, кортистење на заштитна опрема и редовна дезинфекција на објектите во кои што вршат дејност.
  • Се препорачува на граѓаните да не ги користат детските и забавни паркови на територија на Општина Куманово, кои се затворени и видно обележани со трака и се задолжува Општината да го затвори за употреба градскиот парк Соколана.

 

  • Се задолжува ОШЗС да донесе Одлука со која ќе се определат економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на тероторија на Општина Куманово. Истата Одлука може да претрпи измени доколку се јават и други економски оператор/и-маркет/и.

 

 

Треба да знаете
Последни објави