Во Србија забраната за движење за време на викенд почнува од петок во 17 часот

Забраната за движење во Србија ќе биде продолжена и ќе важи од петок во 17 часот до пет часот во понеделник, потврдија за медиумите во српската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, досега забраната за движење важаеше од сабота во 13 часот до понеделник во пет часот наутро. Тоа не се однесуваше на лицата над 65 години кои имаа можност да купуваат во сабота наутро од четири до седум часот.

Од забраната за движење беа изземени и сопствениците на миленичињата, на кои им беше дозволено да ги шетаат своите миленици во вечерните часови од 23 до еден часот, а во недела од осум до 10 часот наутро.

Треба да знаете
Последни објави