) – Турската амбасада во земјава информира дека денеска два автобуса со турски државјани кои поради актуелната состојба со коронавирусот се пријавиле и сакале да заминат се упатиле кон Турција, како и дека претходно на 1-ви и на 3-ти април, исто така, два автобуса со турски државјани влегле во Турција преку граничниот премин Капикуле.
-Откако епидемијата од коронавирус го покажа своето дејство и во Северна Македонија, еден дел од турските државјани кои се наоѓаат во оваа земја аплицираа до нашата Амбасада со барање за враќање во Турција. Имајќи ги во предвид тековните услови и можности, од страна на Амбасадата се пружа помош до нашите државјани со цел да им се овозможи трансферот со автобус преку Бугарија кон Турција. На 1 и 3 април 2020 година нашите државјани со два автобуса остварија влез во Турција преку граничниот премин Капикуле. Додека пак на 8 април 2020 година два автобуса се упатени кон Турција, информираат од Турската амбасада во Скопје.
Од Амбасадата им заблагодаруваат на надлежните органи на Северна Македонија и Бугарија кои ја дале потребната поддршка во реализацијата на патувањето на турските државјани во Турција по копнен пат