– Авагнистан денеска ослободи 100 заробени талибанци, тврдејќи дека тие се меѓу 5.000 заробеници кои се ослободени врз основа на договорот меѓу бунтовниците и САД.
Талибанците, меѓутоа, изјавија дека мораат да проверат дали ослободнеите се наоѓаат на списокот што му го предадоа на Вашингтон во текот на преговорите во Доха, пренесуваат американските медиуми.
Ослободувањето на заробениците е пресуден прв чекор кон преговорите внатре во Авганистан, што за своја цел имаат конечно завршувње на децениските војни.
Со договорот што беше потпиуша на 29 февруари, исто така, талибанците се повикуваат да ослободат 1.000 лица од владиниот персонал, кои тие ги држат како заложници.
Политичкиот портпарол на талибанците, Сухаи Шахан на Твитер ја опомена владата заради одбивањето да ги ослободи првите 15 талибанци кои тие ги побараа и кои се наоѓаа на списокот испорачан во Вашингтон