Пред полицискиот час се запали стан во Куманово, едно лице со лесни изгореници

Непосредно пред полицискиот час во Куманово, и од денеска во цела држава, се запали стан во зграда на улица „Трета македонска бригада“ во Куманово.

Снимката од запалениот стан и интервенцијата на противпожарните екипи почна да се шири на социјалните мрежи, а чадот можеше да се забележи од сите страни на Куманово.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за „Фокус“ потврди дека опожарен е стан на поткровје во стамбена зграда и дека пожарот, кој избувавнал нешто пред 16 часот, е веќе изгаснат. – Станарите беа навремено евакуирани, во моментов се враќаат во своите станови. Следува увид на МВР и чистење на објектот. Ја посетив локацијата, состојбата е стабилна, за среќа нема жртви, едно лице од присутните во опожарениот стан се здобило со полесни изгореници, вели Димитриевски.

Куманово е еден од најпогодените градови, односно има гиолем број на заразени и починати од новиот вирус Ковид 19. Во овој град за прв пат изминатиот викенд беше воведен полициски час со забрана за движење цел викенд, а сега оваа мерка е воведена за цела држава.

 

Треба да знаете
Последни објави